(from my best friend, Stefan Alievikj - Mecedonia)
during the paradise:
Презимињата беа врска со Светот, веројатно зошто беа поврзани со семејството и домот, така што никогаш не ги користевме и не прашувавме за нив. Тоа е чудно: кога би сакал денес да најдам некој од луѓето што ги познавав некогаш на плажата би немал никаква подобра појдовна точка од нивната националност и бледото сеќавање на нивните лица.
paradise turn into hell:
Почна со клоцање, кое наскоро се претвори во бодење. Во градите, во слабините, во рацете, насекаде. Потоа го почекори трупот и почна да удира по вратот. Или барем мислев дека го прави тоа. Во сенката не се гледаше сосем јасно а поголемиот дел од сцената беше затскриен од широкиот грб на Багс. Видов само кога стана. Му ја имаше отсечено главата на Семи. Ја отсекол и мавташе со неа во воздухот. (...) Сцената пред мене ме напумпа со толку адреналин што заборавив дека сум претепан. Можев да трчам маратон, ако требаше, а камоли да отползам во мракот.
Но, останавме таму. Не парализира дисекцијата на сплаварите. Секој откинат екстремитет како да ме заковување се повеќе за местото.
„Чекајте во Чавенг три дена“, читаше Сал со вкочанета студенина. „Ако не се вратиме дотогаш, значи сме стигнале до плажата. Ќе се видиме таму. Ричард.“ (...) Со блесокот на сознаниешто што беше толку реален што речиси го видов, нивното значење стана јасно.
„По Тет, животот се враќа во нормала.“ (...) Не бодење, туку сечење. Поинаква болка, помалку акутна. Бескрајно непозната и вознемирувачка.
„Не така,“ зајачив.
Околу вратот ми се обви нешто лизгаво. Црева. Моите, помислив; мозокот ми се згрчи од страв и ги искинав. Туѓинците се смееја и се повеќе предмети ме опсипуваа. Рака што ми го раскопуваше градите. Уво залепено отстрана на мојата глава...
/lepenje 2 parche vo kolazhot/:
„Ајде, Рич. Размисли. Размисли што треба да правиш.“
„Треба да...“
„Рамен покрив, толпа во паника, веќе нема место во...“
„...Последниот хеликоптер.“
„Браво момче.“
„Евакуација.“
„Секогаш.“
Патор исчезна. Ножовите запреа. Еден напаѓач се изви и се фати за стомакот, некој друг падна на бок мавтајќи со рацете...
GAME OVER
14.9.1995 Last day on the beach
Чувствувам дека треба да објаснам како се вративме сите дома. Но тоа ќе биде краток извештај, затоа што приказната беше готова. Ова е само епилог. Многу разговаравме. На тоа се сеќавам најмногу во врска со патувањето- на разговорот. Закован ми е во сеќавањето зошто изгледаше толку неочекуван. Некој би замислил тишина, секој од нас повлечен во своите лични стравови. А првиот дел од патувањето, ноќното пешачење до сплавот, навистина помина во тишина. Но само затоа што се плашевме да не не чујат стражарите. Штом се одлепивме од брегот и тргнавме, ги отворивме устите и веќе не ги затворивме.
(...)
October, 1996
Во овој миг седам пред компјутерот. Во овој миг ја пишувам оваа реченица. Во овој миг навршува една година и еден месец откако летнав од Тајланд. Никогаш веќе не ги сретнав Франсоаз и Етјен. Еден ден ќе ги сретнам. Тоа ќе биде случајно, но знам дека ќе ги сретнам, зашто светот е мал, а Европа уште помала.
Со Кити и Џед се гледам постојано. Како и оние многубројни разговори, и тоа е нешто што не би се очекувало многу. По правило, требаше да се разделиме, зато не можевме да излеземе на крај со своето заедничко минато. Но не беше така. Добри пријатели сме. Чудно, но вистиното: двајцата работат на исто место. Различни фирми, иста зграда. Што е уште почудно, двајцата добија работа без да знаат дека другиот е таму. А што е исто почудно, тоа како да се совпаѓаше со оној индонезиски хотел во кој отседнале двајцата, толку години порано, оној што Кити го запалил. Уште ги немаат запалено своите канцеларии, иако тоа би било шлаг на тортата. Кити ја мрази својата работа (некакви гомненици во администрација), така штоа тоа и би можело да се случи. /Strange things happen all the time (Magnolija)/
А јас...
Јас сум добар. Сонувам лоши соништа, но Duffy никогаш повеќе не го видов. Играм видеоигри. По малку пушам трева. Зјапам во голема далечина. Носам многу лузни...
But, at least now I know paradise is not some place you can look for, coz it's not where you go, it's how you feel for a moment in your life. If you find that moment, it lasts forever.
Alex Garland - "The Beach"